БРАВО: Младите македонски фудбалери испишаа историја на „Филип Втори“ (ВИДЕО)
Младите македонски херои испишаа историја на „Филип Втори“, историја за македонскиот фудбал и историја за македонската репрезентација до 21 година.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го одигра својот историски натпревар за пласман на едно големо натпреварување и успеа да дојде до голема победа против репрезентацијата на Шкотска со 2:0.
Избраниците на селекторот Боби Милевски во текот на овие квалификации одиграа јуначки десет натпревари победи шест пати и само еднаш беа поразени и тоа уште во првото коло од репрезентацијата на Исланд. Од тогаш па натаму се до крајот, токму селекторот и неговите избраници од натпревар во натпревар растеа и освојуваа победи против репрезентации со далеку поголем рејтинг од нашиот, Шкотска, Франција, Украина…
Во мечот кој само победата не требаше да биде во прашањe уште од самиот почеток нашите репрезентативци притиснаа кон голот на Шкотите и создадоа неколку шанси уште во првото полувреме. Јунакот од мечот во Шкотска кога победивме со 1-0, Кире Маркоски уште во 18 минута со одмерен удар успеа да го совлада гостинскиот голман. По само четири минути рековалесцентот Енис Барди кој стисна заби и покрај тоа што е сериозно повреден, успеа во 22 минута да зголеми на 2-0. Во првиот дел Македонија имаше шанса да зголеми и на 3-0, но Давид Бабунски промаши и пенал.
Пред финишот на првото полувреме Македонија имаше шанса преку Кире Маркоски за 3-0, но голманот Фултон повторно успеа да интервенира, а во 47 минута Давид Бабунски одлично се „протна“ по левата страна и се намести за шут откосо, но ударот повторно го скроти Фултон и ја испрати топката во корнер. Во 60. минута шанса за погодок имаше Шкотска, но Алексовски интервенира, а во последните 30 минути Македонија го смири темпото на игра, мирно ја влечеше топката по теренот и го приведе мечот кон финиш.
БРАВО!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа