„Сакаш ли да видиш како изгледа твојот мртов син?- закани со убиство до мајката на играчот на Реал Мадрид!
Група насилници испратиле порака до мајката на играчот на Реал Мадрид Хамес Родригез, Пилар Рубио Гомез, во која стои дека ќе го убијат нејзиниот син.
„Сакаш ли да видиш како изгледа мртвиот Хамес?“, стоело во првата порака објавена на Твитер. Во втората било напишано: „Патувам вооружен кон твојот дом“.
Тоа биле само дел од пораките што се упатувани до Пилар, па случајот бил пријавен во полиција. Некои од пораките биле потпишани од страна на групата “Легион Хулк”, а истата се смета дека навистина го гони фудбалерот.
Засега семејството на Родригез е во паника и во неизвесност околу тоа што ќе се случи со фудбалерот.Одредени лица сметаат дека некој се шегува со Хамес, но во семејството на Родригез дефинитивно сериозно ги сфаќаат овие закани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа