Потрага по малото дете кое доби ракавица од големиот Буфон: Дали сувенирот остана во негови раце? (ФОТО)

 

Џанлуиџи Буфон вчера беше главниот магнет на македонската публика доцна синоќа пред, за време и по одигрувањето на натпреварот Македонија – Италија во квалификациите за Светското првенство во Русија.

По последниот судиски свиреж едно младо момче храбро им избега на луѓето од обезбедувањето и влета в терен, трчајќи кон голманот. Кога пристигна и побара внимание од Буфон, легендарниот голман му ја подари десната ракавица, а потоа среќното момче беше отстранет од обезбедувањето.

Денеска низ интернет просторот проструија и непотврдени информации дека обезбедувањето на Националната арена наводно му ја одзело ракавицата на малото дете, но ваквите шпекулации не се потврдени од среќниот добитник на голманската ракавица.

View image on Twitter
View image on Twitter
 
 
10.10.2016 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега