Граѓаните потресени полицијата на нозе - проектили од огнено оружје вчера летаа низ Гостивар

Проектили од огнено оружје вчера завршија во два автомобили во Гостивар.

Вчера меѓу 14:30 до 20:00 часот, на улицата. „Панче Попоски“ во Гостивар, проектил удрил во задното ветробранско стакло на возило „Фолксваген-Голф“ со гостиварски  регистерски таблички сопственост и паркирано од Н.И. од село Братиндол. Проектилот паднал на задните седишта.

Околу 20:30 часот,  на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, проектил од огнено оружје удрил во покривот на возило „Форд-Ескорд“ со гостиварски  регистерски таблички сопственост и паркирано од И. Н. Проектилот го пробил покривот и паднал на предната пластична маска пред совозачкото седиште.

Гостиварската полиција  работи на расветлување на настаните.

најчитано сега