ЦУК: Внимавајте да не предизвикате пожар викендов

 

Во пресрет на празникот Илинден и продолжениот викенд, кога се очекува зголемена посетеност на излетничките и рекреативните места, Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да се однесуваат внимателно кон околината, односно да не фрлаат отпадоци, да не палат оган, да не фрлаат догорчиња од цигари, стаклена амбалажа и слично,  кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери. 
 
Од ЦУК ги потсетуваат граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или чад, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на бесплатниот телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. 
 
Апелираат до населението овој број да не се злоупотребува за лажни повици, кои би предизвикале несакани последици.

најчитано сега