Унгарскиот амбасадор ја посети Општина Илинден
Амбасадорот на Унгарија Јозеф Бенце денеска ја посетил Општина Илинден каде со градоначалникот Жика Стојановски разговарал за економските потенцијали на општината, како и можноста за привлекување на унгарските стопанственици за инвестирање во Општина Илинден.
-Градоначалникот Жика Стојановски на амбасадорот Бенце му го презентираше профилот на општината, 9-те економски зони, можностите за развојот на културата, спортот, образованието, како и капиталните проекти, информираат од Општината.
Во рамки на посетата амбасадорот Бенце го посетил и Домот на култура „Илинден“ каде се запознал со просторните можности кои ги нуди овој капитален проект.