Ивановски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ им овозможува на младите да бидат дел од развојните политики

 


Мартин Ивановски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ – Битола, гостуваше во емисијата ,,Топ тема“, на телевизија Телма. Тој се осврна на темата за младите во земјава и истакна дека 
младите треба да бидат центар на вниманието во развојните политики, при што не само традиционалните младински иницијативи, туку и инфраструктурни проекти, реформи во министерствата и вклучување на младите во институциите, што според него, исто така претставуваат значаен придонес кон нивната подобра иднина и активно учество во општеството.

Ивановски се осврна на реорганизацијата на одредени министерства и конкретно го посочи Министерството за спорт.

,,Агенцијата за млади и спорт кога премина да биде во Министерство за спорт, по автоматизам тука ќе се пренасочат повеќе средства за реализација на повеќе проекти за младите. Спортската сала УКИМ сега ќе се реконструира, има 25 повеќенаменски игралишта коишто ќе се градат на територија на Република Македонија благодарение на таа реорганизација“, вели Ивановски.

Тој напомена дека  младите за прв пат во Македонија добиваат титула во одредено министерство.

,,Ние прв пат се соочуваме каде што  младите конечно титула добиваат во некое одредено министерство. Тука е добра политика за нас за младите, на некој начин се акцентираат младите“, рече Ивановски.

Ивановски ја посочи општината од каде што самиот доаѓа, општина Битола, и истакна дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ на  локалните избори во 2021 година, на младите им се пружи шанса и нивниот глас беше слушнат.

,,Во делот за локалната самоуправа конкретно за кај нас во општина Битола, ние во 2021 кога дојдовме како локална самоуправа, ВМРО-ДПМНЕ кога ги победи градоначалничките избори во тие локални избори, формиравме Локален младински совет, а претходно немавме. Отворивме центар за млади. Ние како ВМРО-ДПМНЕ се трудиме и даваме простор за повеќе проекти да се реализираат за младите и сепак би посочил дека не треба да се ограничиме политики за млади е само спорт или само младинските центри“, додаде Ивановски.

Ивановски истакна дека реализацијата на проекти како патна инфраструктура и канализација што ги поврзуваат урбаните и руралните средини претставува значаен аспект од политиките за млади, овозможувајќи им подобри услови за живот и работа надвор од градските подрачја.

,,Доколку се реализира некој одреден проект како што е патна инфраструктура или канализациона мрежа да се спои градското подрачје со руралното подрачје, сметам дека и тоа е сепак политика за млади каде што младите ќе ги насочиме комотно да можат да функционираат иако не живеат во градска средина. Треба да разграничиме што е тоа политика за млади, и да ја прошириме топката на некој начин“, заклучи Ивановски.

09.06.2025 - 20:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега