Притвор за пијаното момче кое ја прегази младата Деспина кај Крива Паланка
Притвор за 22 годишниот М.Ј. од селото Гиновци, кој пред два дена прегази и усмрти 18 годишно девојче кај Крива Паланка.
М.Ј. заработи кривична пријава и притвор, откако пред два дена, возејќи под дејство на алкохол, на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка ја прегази 18 годишната Деспина А. од селото Љубинци. Наместо да и помогне на својата жртва, пијаниот возач избегал од местото на настанот.
Истражен судија на М.Ј. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.