Полицајката Сузана лежела во крв, телото непрепознатливо - Српската полиција го бара возачот
Полицајката Сузана Јоксимовиќ е погребана вчера, а полицијата и понатаму е во потрага по автомобилот марка 'фиат панда', кој жената ја усмрти на 19 Јануари годинава, додека го шетала своето куче во Белград, Србија.
Возачот кој ја усмрти 46-годишната жена не бил сам, туку во автомобилот со него имало тројца сопатници. Се работи за 32-годишниот А.Р. кој од неделата е во бегство, а според српските медиуми, има богато полициско досие, полно со кражби и трговија со наркотици.
Полицијата по несреќата не го нашла на неговата адреса, а неговиот автомобил е пронајден оштетен.
Пријателите се простија од прерано починатата полицајка од Србија.
- Патувај Сузе, не грижи се за нас. Нас ќе не чуваат твоите ангели. Не можам да ти ветам дека нема да им недостигаш, но ќе ти ветам дека ќе се грижиме за нив и ќе им ја пружиме целата љубов на оовој свет, рекол еден пријател.
Инаку, по ударот, Сузана лежела на земјата во локви крв. Српските медиуми велат дека според сведоците, ако возачот застанал и викнал Брза помош, можеби ќе имало надеж за да се спаси животот на Сузана.
Еден од сведоците рекол дека телото било непрепознатливо: - Којзнае со колкава брзина возел и колку ја влечел по улицата несреќната жена, рекол сведок за српските медиуми.
Инаку, таа живеела недалеку од местото на несреќата, како подстанар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа