Мицкоски задоволен од посетата на САД: Резултатите ќе бидат видливи, интензивни и големи
Премиерот Мицкоски е исклучително задоволен од посетата на Соединетите Американски Држави за инаугурацијата на 47. претседател, Доналд Трамп.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека посетата била исклучително корисна и плодна. -Очекувам во периодот што следи резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она коешто го кажувам често пати ќе го повторам и сега - ние домашната задача, домашната борба ќе ја водиме, еве за вакви проекти, за добра инфраструктура, за нова градинки, за нови училишта, за поконкурентна економија, за поквалитетно здравство, за поквалитетно образование итн.
Таа битка ќе ја водиме и ќе ја добиеме, но исто така, мораме да победуваме и во Вашингтон и во Њујорк и во Рим и во Париз и во Лондон и во Берлин, насекаде, рече Мицкоски. Вели, надлежните треба да бидат што е можно погласни и презентираат повеќе аргументи за македонското прашање.
-Мислам дека сме на добар пат, инстант резултати нема. Но важно е дека тоа што го правиме, го правиме исклучиво за интересот на граѓаните и за татковината којашто единствено ја имаме, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа