Кучето ме спаси од сигурна смрт - овој човек раскажува како спасил жива глава од поплавите

 

Џемаиљ Алиевски од село Арачино за Утрински раскажува за хоророт кој го преживеал во саботата за време на невремето во скопскиот регион, тој раскажува како неговото куче го спасило од надојдената вода. 

- Само десет минути ме делеа од сигурна смрт! Оставив се', влегов во возилото и се упатив кон Арачиново. Се спасив од сигурна смрт, благодарејќи на кучето кое малку пред да надојде водата почна нервозно да лае. Погледнав кон него и гледам се качило на куќичката и продолжува да лае во правец од каде што дојде водата. Го земав и побегнав. Ја оставив нивата, но спасив жива глава,  рекол овој човек за Утрински. 

Тој додава дека е среќен што останал жив и вели се во животот се надоместува освен човечките живототи.

Повеќе прочитајте на ТУКА

 

 

 
 
12.08.2016 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега