Тешка сообраќајна несреќа во Скопје - две лица итно пренесени во болница

 


Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.35 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од с.Романовце, кумановско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.А. (48) од Скопје.


Во нерсеќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во приватна болница во Скопје, додека Д.П.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

23.02.2025 - 12:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега