Водата во кризните подрачја е исправна за пиење
Првичните резултати од сите мерења укажуваат на санитарно исправна вода за пиење во местата погодени од саботното невреме во Скопје.
Стручни тимови на ЈП Водовод и канализација беа вонредно ангажирани, при што извршиле теренски мерења и зеле примероци од водата за пиење на територијата на целиот град Скопје но со акцент на кризните подрачја.
По направените истражувања покажано е дека водата е санитарно исправна за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација.
10.08.2016 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа