Најсилното невреме годинава: Над 800 молњи и громови во Скопје
Ова попладне скопскиот регион е зафатен од најсилното невреме годинава, и едно од посилните во изминативе години. Силни електрични празнења се забележани во периодот помеѓу 17 и 19 часот и достигна бројка околу 800 (за целото скопско подрачје) објави „Метеопро“.
Невремето е пропратено со силен ветер, интензивен дожд кој непрекинато врне. Природата на ова невреме е таква што облачните ќелии се обновуваат една зад друга, па оттаму е и долготрајноста на ова невреме.
06.08.2016 - 21:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа