„Скопски летен ритам" - забавата е во Скопје

 

Директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, денеска на прес-конференција на плоштадот Мајка Тереза ги појасни деталите за проектот „Скопски летен ритам“.

-Во рамките на Улични музичари и артисти, годинава ќе се одржи и проектот „Скопски летен ритам“, на централoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза пред пред објектот на Македонска опера и балет, на Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија и на Плоштадот Богородица. На секој од плоштадите неделно, почнувајќи од вечер, во првите две недели по 20:30 часот, а потоа после 20 часот ќе се одржат од 6 до 7 настани, истите во соработка со изведувачи солисти или  музички групи од сите генерации, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика. На плоштадот Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет ќе настапуваат изведувачи на класична и сериозна музика. На плоштадот ВМРО ќе има богата детска програма и во подоцнежните часови програма наменета за млади; на плоштадот Богородица ќе настапуваат изведувачи на фолклорна и етно музика, а на плоштадот Македонија ќе има богата програма од различни жанрови и за сите генерации. Настапите ќе се одвиваат во петок, сабота и во недела, а планираме да траат до крајот на месец септемви, а доколку се поволни временските услови може да имаме настапи и во месец октомври. Програмата е разновидна и богата и е наменета за граѓаните и туристите, коишти во летниов период ќе престојуваат во нашиот град. Очекуваме во рамките на овој проект да се одржат над 40 настани на кој ќе настапат околу 100 учесници – истакна Бошковска.

Целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура и генерирање нова и стара публика преку квалитетна  културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.

 
 
05.08.2016 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега