Нема крај на несреќите во Скопје: 16 лица повредени
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје случени се 14 сообраќајни незгоди на кои полицијата изврши увид.
Во сообраќајките 16 лица се здобиле со последици телесни повреди, со тешки телесни повреди се здобило едно лице, а една сообраќајка е со материјална штета. Две несреќи се со непознат сторител.
Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број прекршоци. Еден возач е исклучен поради управување патничко возило под дејство на алкохол, 24 возачи со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, девет лица управувале патничко моторно возило без возачка дозвола, додека еден возач поминал на црвено светло на семафорите. Прекршоци направиле и тројца пешаци, а затекнати се и еден возач кој за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носел заштитен шлем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа