Реконструкција на Жена парк – нови патеки, зеленило и урбана опрема
Градот Скопје, по реакцијата на одредени медиуми во однос на поставувањето огради (тараби) околу паркот „Жена Борец“, ја информира јавноста дека истото е извршено поради обезбедување на просторот за вршење на градежни работи за реконструкција на паркот „Жена Борец“.
Во наредниот период ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот, ќе се постави ново осветлување, ќе се реконструира зеленилото, а на крај ќе биде поставена и нова урбана опрема.
Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.
05.08.2016 - 09:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа