Мајмунот Коко се враќа во скопската Зоолошка
Скопската Зоолошката градина конечно ќе почне со изградба на живеалиштето за шимпанзото Kоко, кој од 2009 година е на ресоцијализација во Холандија.
Живеалиштето треба да биде готово до крајот на годината и дотогаш треба да пристигне Kоко. Живеалиштето на шимпанзото Kоко ќе биде веднаш до живеалиштето на слоновите, кое се гради, пишува ДНЕВНИК.
Шимпанзото Kоко сега е здрав и весел и ќе се врати веднаш штом ќе биде готово новото живеалиште. Но, тој нема да се врати сам, туку најверојатно со уште тројца мајмуни, мажјаци.
-Kусо време по неговото раѓање, мајка му почина од туберкулоза, а тој остана сам во скопската градина и падна во депресија. Почна да си ги кубе влакната и да се удира на шипките од кафезот. Поради тоа, во април 2009 година, кога имаше 13 години, замина во Институтот за ресоцијализација на шимпанза „Алмере“ во Амстердам, Холандија. По неколкугодишниот третман, тој е сосема излекуван и е во одлична кондиција, подготвен за враќање во Скопје, пишува весникот.
Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа