ДИК информира: Расте бројот на пријавени спорни гласачи
Заклучно со денеска, до 13 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1224 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, 387 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Подолу е табелата со состојбата по општини:
03.08.2016 - 13:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа