ВИДЕО: Масакр во Валона - со калашников убил 3 лица на плажа
Тежок инцидент попладнево се случи во познатиот албански приморски град Валона, во кој убиени се три лица, а две се ранети, јави дописникот на МИА од Тирана.
Инцидентот се случил во еден рестоарн кај плажата Расум, поточно местото познато како „Ладна вода“ кога се уште неидентифиувано лице со автоматска пушка „калашников“ пукало во правец на двете убиени момчиња, на возраст од 17 и 20 години, додека убиената жена (40) била турист и случајно е застрелана.
Двајцата повредени се пренесени во регионалната болница во Валона и според лекарите се надвор од животна опасност.
Очевидци изјавија дека убиецот е момче на околу дваесет годишна возраст, дека цел му биле двете убиени момчиња и оти по инцидентот со возило побегнал од местото на настанот.
Инцидентот предизвикал паника меѓу големиот број капачи кои биле на плажата