ВМРО-ДПМНЕ: Со Дамјановски Куманово се гуши во проблеми
Поминаа повеќе од 100 дена од нечесниот реизбор на Зоран Дамјановски за градоначалник на Општина Куманово. Граѓаните на Општина Куманово се се повеќе убедени дека ова ќе биде најлошиот мандат што некој некогаш го имал во Куманово.
Како што предупредувавме во изборната кампања така и се случува. Нема ништо од големите ветувања на Зоран Дамјановски за Општина Куманово. Сеуште нема ништо од ветената индустриска зона во с. Речица во која требаше да се изградат 60 индустриски капацитети и да обезбеди 2500 вработувања, сеуште ги нема ветените градинки, покриениот спортски базен, ништо од намалување на цената на паркинг услугите. Куманово и понатаму се соочува со сообраќаен хаос, се помалку можат да се забележат зелени површини во општината, ниту пак е започнато со реновирање на фасадите во центарот на градот. За овие и за сите останати ветувања на Зоран Дамјановски сеуште нема ниту подготвителни активности, а камо ли нивна реализација.
Наместо тоа Куманово се подлабоко се гуши во проблемите и не постои никаков концепт за нивно решавање. И понатаму јавните претпријатија се пред банкрот, градот се соочува со многу диви депонии, сообраќаен хаос како и премногу долгови на јавните претпријатија и општината која ја води Зоран Дамјановски.
Додека во Македонија сите градоначалници се натпреваруваат кој колку проекти има направено во првите 100 дена, Дамјановски се крие затоа што и самиот е свесен дека нема реализирано ништо.
Ние ќе останеме посветени и активни и без разлика што Куманово функционира како да нема локална самоуправа. Ќе продолжиме да ги слушаме поплаките од граѓаните и ќе лобираме колку што можеме кај централната власт за што повеќе проекти во Оштина Куманово бидејќи очигледно е дека Дамјановски нема никаква визија за развој на Куманово. Граѓаните на Општина Куманово не заслужуваат ваков градоначалник. ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе остане посветена на развојот и потребите на Општина Куманово и нејзините граѓани.
Интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ: