Пријателите и роднините се простуваат од 39-годишниот Стефан Новачковски

 

Се случило на последниот ден од декември! Додека насекаде владееше празнична атмосфера за новогодишната ноќ, тоа не било случај во еден од становите на зградата во „Блок 70“ во Тетово.

Таткото и синот, кои живееле сами, се скарале. После тоа, според првичните сомненија, 65-годишниот татко со ловечка пушка пукал во својот 39-годишен син Стефан Новачковски.

Но,за ова не дознале веднаш органите на редот. По два дена, на 2 јануари, полицијата го открила делото. Ова се случило откако пријателите на починатиот, загрижени зошто тој не одговара на повиците, иако слушале како ѕвони телефонот пред вратата од станот, ја алармирале полицијата. Тие со помош на пожарникарите успеваат да ја отворат вратата.

Во ходникот го затекнуваат 39-годишниот С.Н., убиен со куршум во главата, додека сторителот, таткото, го наоѓаат во кома.

 

„Таткото е пронајден во бесознание и итно бил пренесен во болницата во Тетово каде му била укажана соодветна помош, а исто така во соработка со јавен обвинител констатиравме дека се работи за убиство каде 65-годишниот родител пукал со ловечка пушка во главата и го усмртил синот, С.Н., 39 годишен“, додади Фатмир Реџепи.

Според истрагите на Обвинителството, куршумот го погодил 39 годишникот во градниот кош по што тој веднаш починал, а осомничениот останал во станот до безживотното тело додека гио пронашле. Шеесет и петгодишниот татко, кој се сомничи дека пукал во синот, поради тешката психичка состојба моментално се наоѓа во Клиничката болница во Тетово. Тој ќе биде изведен пред лицето на правдата кога ќе се чувствува подобро.

 

„Бидејќи неговата психичка и емоционална состојба не е стабилна, тој е задржан на одделението за невропсихијатрија во Клиничката болница во Тетово и сигурно кога ќе биде стабилна неговата состојба, секако ќе биде изведен пред истражен судија“, вели Фатмир Реџепи.

Надлежен јавен обвинител доставил до судија на претходна постапка предлог за одредување мерка притвор за осомничениот.

 

Претходна пријава во полиција за насилство во ова семејство нема. Пронајдени се ловечки пушки и со потребната дозвола за нивно поседување.

Братот и пријателите се простуваат од 39 годишниот Стефан

 

– Погребот на брат ми Stefan Novachkovski ќе се одржи утре во 11:00 часот во градските гробишта во Тетово. Фала Ви на сите за помошта и поддршката, а на брат ми нека му е лесна земјата и Бог да го прости, напиша на социјалните мрежи неговиот брат.

05.01.2025 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега