Лев останува селектор на Германија
Јоаким Лев и во наредните две години ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Германија.
Фудбалската федерација на Германија реши да ја продолжи соработката со Лев иако „цанцирите“ не успејаа да стигнат до мечот за трофејот на штотуку завршеното Европското првенство во Франција.
Лев денес и официјално потпиша нов договор со кој се обврза да ги води Германците на Светското првенство во Русија 2018 година.
„Тој стана светски првак со нашата нација во Бразил и ние тоа нема да му го заборавиме и одлучивме Лев да ја брани титулата во Русија. Тој е најдобриот селектор на Германија“, изјави претседателот на Германската фудбалска федерација, Рајнхард Гриндел.
Лев, кој е селектор на „панцерите“ уште од 2006 година на ЕП во Франција ја имаше најмлада репрезентација, а според него оваа селекција има огромен потенцијал и воедно Лев е убеден дека ќе има уште посилна репрезентација за Мундијалот во Русија.
„Јасно е дека сите сме разочарани од исходот на овој шампионат, но не смее да се заборави дека ја имавме и најмладата репрезентација на ЕВРО 2016. Јас гледам огромен потенцијал во овие момци и убеден сум дека ќе имаме уште посилна репрезентација на СП во Русија по две години“ – изјави Лев, не криејќи го задоволството од продолжувањето на соработката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа