Ибрахимовиќ избегнал смрт во соблекувална - прочитајте каква драма се одвивала
Египетскиот фудбалер Мидо раскажал несекојдневна приказна за тоа како за малку не го убил Златан Ибрахимовиќ додека играле заедно во Ајакс во 2003 година.
Во автобиографијата шведскиот фудбалер ја опишува целата ситуација.
-Мидо беше незадоволен бидејќи тренерот го изостави од стратната постава. Епипќанецот потоа дојде во соблекувалната и ги нарече играчите мизерни пи*ки, раскажува Ибрахимовиќ и додава:
-Јас му одговорив: Ако некој овде е пи*ка, тоа си ти. Мидо стана ги зема ножиците од физиотерапевтот и скокна врз мене. Беше комплетно луд. Ножиците ја утнаа мојата глава и завршија во ѕид, вели Ибра.
И пензионираниот напаѓач Мидо раскажува што е случило во документарниот филм „Да станеш Златан“.
-Бев многу возбуден бидејќи не го почнав натпреварот. Кога влегол водевме 2:0 и почнав да се карам со Златан на теренот. Викав по сите, а Златан по мене. Имав ножици во рацете за да ги тргнам бандажерите од зглобовите. Десет минути по инцидентот отидов во џакузи. Се погледнав со Златан и почнавме да се смеење. Му реков „Знаеш дека можев да те убијам“, а тој ми одговори „Да знам“, ракажува Мидо.
Тој го објаснува и неговото однесување.
-Кога дојдов во ситуација да морам да се борам за својата позиција имав личен проблем со тимот и тоа го решавав на лош начин, вели Мидо.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа