СДСМ: Владата глуми дека не ги разбира пораките кои не и одговараат

 

Нема промена на пораките, реториката и очекувањата на Брисел од Македонија. Обидите на власта да претстави разногласие и кај европската диплопатија е алиби коесекогаш го користи кога има потреба да ја манипулира јавноста во Македонија.

Литванскиот амбасадор Ренатас Јушка вчера не ја ниту спомена Македонија во неговата презентација. Дополнително тој дури и детектираше загриженост и назадување во повеќе области.

Има обиди да се претстави различна позиција на министерот за надворешни работи на Литванија и претседавач со Советот за општи работи (ГАК) на Европската унија, Линас Линкевичиус, кој пред две недели во Брисел вети дека неговата земја и тој лично ќе се задолжат за тоа Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ на Самитот на Европскиот совет во декември. Но, погледнете што тој лично изјавил дека побарал од премиерот Груевски со кого се сретнал неколку дена претходно:

„Со други зборови треба да има многу јасни сигнали дека Вашата земја е кредибилен партнер кој го испорачува договореното, кој се подобрува, го враќа процесот на колосек за да се осигура дека ЕК ќе ја повтори препораката“.

„Ние ќе се обидеме да помогнеме и олеснуваме, но „топката“ е кај вас и тоа е важно да се знае“

 

Разликата е само во заострување на реториката што е резултат на нереализираните обрски од страна на Македонија. Владата глуми дека не ги разбира пораките или ги спинува пораките кои не и одговараат. Македонија за жал во подолг временски период го загуби правецот кон евро атлантските интеграции.

Интегрален текст од изјава на СДСМ.

најчитано сега