Министерот Спасов го отвори одделението за социјална заштита во Дојран

Денеска министерот за труд и социјала Диме Спасов и градоначалникот на Дојран Борче Стамов, го отворија Одеделението за непосредна социјална заштита во Дојран.

- Министерството за труд и социјална политика во континуитет го унапредува системот на социјалната заштита и презема мерки за поефикасна заштита на граѓаните кои се во социјален ризик. Во оваа насока, посебно внимание се посветува на зголемувањето на достапноста на социјалната заштита и социјалната работа во местото на живеење на граѓаните и промовирање на пристапот на социјална работа во локалната заедница преку отворање на подрачни Одделенија надвор од седиштата на центрите за социјална работа. На овој начин на граѓаните им се овозможува побрз, поефикасен и поекономичен пристап за остварување на правата коишто им следуваат согласно Законот за социјалната заштита, рече Спасов.

Министерот Спасов својата посета ја искористи и за да го посети објектот предвиден за отворање градинка во Дојран.

ФОТО: Влада

најчитано сега