Пешевски на отворањето на патот за село Калуѓерец во Македонски Брод
Денеска Владимир Пешевски беше во посета на општина Македонски Брод каде свечено беше пуштен во употреба новиот пат за село Калуѓерец. Делницата е со должина од 1,5 километри и е дел од патниот правец кон селото а целата инвестиција е покриена со пари од Европската банка за обнова и развој.
- Во оваа делница се инвестирани околу 120.000 евра и е прва фаза од делницата. Има уште еден километар но потешка за изградба делница. Ние како Влада мораме да инвестираме во развој на малите населени места, на локалната патна мрежа. Тие се во функција на рамномерен регионален развој на локалниот туризам и верувам дека граѓаните ќе бидат задоволни, рече Пешевски.
Покрај ваквиот зафат, Владата работи и со инвеститори од тој крај, а веќе во фабриката Самоков се вработуваат дел од тамошните жители. Имаме и други проекти во делот на развојот на селскиот туризам. Веќе се зголемуваат средствата од ИПАРД програмата кои може да се користат, изјави Пешевски.
Овој локален пат во општината Македонски Брод и оној што веќе е направен до селото Лупиште и идните зафати за инфраструктура до селата Долно Крушје, Требовље и Зркле се дел од инвестицијата за локалната инфраструктура од околу еден милион и двесте илјади евра, пари од Европската банка за обнова и развој и од Светска банка преку Владата.
Според градоначалникот на општина Македонски Брод Милосим Војнески посветени се да се реализираат ветените проекти. Овој пат до селото Калиѓерец е битен зашто за 30 -ината жители во зима беше невозможно да се стигне.
Од локалната самоуправа информираат дека е голем интересот за купување локации за викенд куѓи. Досега се издадени 150 локации за викенд куќи, од кои 80 во околината на селото Здуње каде се купени и две локации за хотели, а 70-ина локалции за викенд куќички се издадени во околината на селото Белица.