Ѓоковиќ за историја: Ако стигне до полуфиналето на Роланд Гарос ќе биде првиот тенисер на кој му успеало ова
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа пред границата од 100 милиони долари заработени од настапите на турнирите и да стане првиот тенисер кому му успеало тоа.
Во пресрет на „Отвореното првенство на Франција“, единствениот од четирите Гренд слем турнири на кои Ѓоковиќ не успеал да триумфира, српскиот тенисер досега во кариерата има заработено 99.673.404 долари.
За да ја мине магичната граница, тој ќе треба да се пласира најмалку во полуфиналето, за што ќе заработи 565.000 долари. Од 2010 година наваму српскиот тенисер постојано е меѓу четирите најдобри на турнирот во Париз.
Слична шанса како и Ѓоковиќ имаше и Роџер Федерер кој досега има заработено 98.011.727 долари, но Швајцарецот го откажа своето учество на „Роланд Гарос“.
Прв кој од настапи на турнири во светот на спортот ја мина границата од 100 милиони долари беше американскиот голф играч Тајгер Вудс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа