Ван Гал доби отказ од Манчестер Јунајтед
Премиерлигашот Манчестер Јунајтед денеска му врачи отказ на менаџерот Луј ван Гал. Раководството на клубот го отпушти Холанѓанецот два дена по освојувањето на трофејот во ФА Купот.
Ван Гал (64) си заминува од „Олд Трафорд“ една година пред истекот на договорот со Јунајтед за што ќе биде обештетен.
Според најавите кои доаѓаат од Англија веќе неколку дена, прославениот клуб утре треба да го промовира Жозе Мурињо во наследник на Ван Гал.
До смена на тренерската позиција кај „црвените ѓаволи“ доаѓа по слабите резултати и необезбеденото учество во Лигата на шампионите и покрај големите финансиски средства за засилувања со кои располагаше холандскиот стручњак откога дојде во Манчестер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа