Попоски во Брисел со Ванизелос разговараше за спорот со името

 

Министерот за надворешни Работи на Македонија, Никола Попоски, денес во Брисел оствари средба со грчкиот заменик претседател на Владата и министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

Двајцата министри размениле видувања за неколку значајни темиперспективите за напредок во евроинтеграциите под тековното литванско и следното грчко претседавање со Европската Унија, изгледите за динамизирање на дијалогот околу разликата за името, перцепциите за различната политичка приоритетност на спорот во двете земји и ефектите од должничката и економската криза на билатерално и регионално ниво.

Министерот Попоски ги истакна заложбите за интензивирање на македонско-грчките односи, потребата од зголемена посветеност на политичко ниво на Атина и користа од отворен пристап и непречен проток за луѓето, бизнисите и идеите меѓу двете земји. 

ФОТО: Влада

најчитано сега