Целата кариера исмејуван, пред една година скоро пензиониран - приказната за тренерот на Лестер
Вечно вториот, лузерот Раниери, така беше нарекуван тренерот на најголемата фудбалска сензација во моментов, новиот шампион на Англија со Лестер Сити, станува за големиот Раниери.
Тој на стартот кариерата води неколку помали италијански клубови, од каде продолжува во Наполи и Фиориентина, се до првото излегување во странство, во шпанските Валенсија и Атлетико Мадрид, во секој од овие клубови приказната е иста, нема ниту еден трофеј, со Атлетико дури и испаѓа од Примера.
Тој е тој кој го почна да го створи моќниот Челзи на Мурињо, го однесе тимот до втората позиција и полуфиналето во Лигата на Шампионите, по што беше отпуштен. На неговото место дојде Мурињо кој го однесе Челзи на самиот врв на Англискиот врв. Сопственикот на Челзи.
После тоа следеше авантура во Валенсија, каде го замени Рафаел Бенитез, кој ја однесе оваа екипа до титулата во Ла Лига и Уефа купот.
Еден од најголемите успеси му е со Парма, екипа која ја презема во крајно незавидна ситуација, тимот веќе беше скоро испаднат, со само 15 бода после 23 кола, тој успеа во наредните 10 да освои 17, за на крајот Парма да заврши на 12 позиција.
Одличните резултати со Парма, му донесоа работа во тогаш повратникот во Калчото, Јувентус. Раниери тимот кој влезе од втората лига, го однесе до третата позиција и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите, една година подоцна заврши на втората позиција, што за раководството на клубот беше неуспех, по што тој беше отпуштен. По неговиот отказ најголемиот италијански тим, две години по ред завршуваше на трета позиција.
Потоа следеше неговата авантура во Рома, каде повторно погодувате, две години по ред беше на втората позиција. По што краток период беше на клупата на Интер.
Потоа следи неговата авантура во Монако, каде го однесе тимот во Првата лига, а потоа погодувате, завршува на втората позиција на табелата, по што не му беше обновен договорен.
Најлошиот период на Раниери во кариерата е сигурно неговото шефување во Грчката репрезентација, каде завршува последен во квалификациите за ЕП, а имаше и пораз од Фарски Острови.
13 јули 2015 година, денот кога без многу помпа и внимание од медиумите, Лестер го назначи Раниери за нов менаџер на клубот. Денот кој ќе остане запишан во историјата на тренерот, играчите, навивачите, во историјата на клубот и градот.
Многумина не беа воодушевени од оваа одлука, дури еден од најдобрите Британски тренери, Хери Реднап го запраша Клаудио како може после неуспехот со Грција да се врати во Премиер Лигата. Но и покрај сите напади, Раниери успеа да дојде до првата титула во својата кариера и не со некој силен и богат клуб, туку со малиот Лестер, за да си го запише своето име вечно во фудбалската историја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа