Самарџиски се откажува од репрезентацијата

 

Центарската позиција, која ионака е една од „најтенките“ во нашиот состав би можела да биде дополнително ослабена откако Предраг Самарџиски најавил дека нема да може да му помогне на националниот тим во претстојниот квалификациски циклус, објави спортскиот портал ЕКИПА.

 

ЕКИПА дознава дека претставниците на МКФ веќе го контактирале долгогодишниот репрезентативец, кој им порачал дека нема да биде во можност да го носи дресот на Македонија во следните квалификации. Ова би значело „повторување на историјата“, откако Самарџиски поради „лични причини“ не настапи ниту на квалификациите за Евробаскет 2015, за откако останатите изборија пласман на ЕП, тој се појави на шампионатот во Загреб.

 
 
02.05.2016 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега