Големата фудбалска ѕвезда ја победи леукемијата и му се враќа на фудбалот

 

По три години откако се повлече поради болеста која ја имаше, леукемија, Стилијан Петров се враќа на терените.

„Одлучив да се обидам повторно да играм фудбал на врвно ниво. Луѓето сигурно ќе имаат многу прашања и многу дилеми, но сигурен сум дека можам да ја вратам формата доколку напорно тренирам", изјави Петров.

На Петров кој сега има 36 години, во март 2012 му беше дијагностицирана леукемија. 14 месеци подоцна мораше да се повлече бидејќи болеста почна да напредува забрзано.

„Сакам да ја вратам формата во која бев кога морав да се повлечам. Ќе видиме до каде ќе стигнам, но мојата желба останува Астон вила", изјави поранешниот капитен на Вила.

Петров кариерата ја започна во ЦСКА Софија, а најславните моменти ги помина во шкотски Селтик и англиска Астон Вила. Во Селтик играше од 1999 до 2006, кога се присила на Вила Парк, каде настапуваше до 2013 година.

 
 
27.04.2016 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега