Нови детали за крвавото двојно убиство во Волково

 

Трагедија вчера го потресе Скопје. 44-годишниот Дончо Ѓ. од скопско Волково вчера вечерта со пушка и пресуди на 57-годишната Снежана Н. и нејзината 76-годишна мајка Елена В. по што самиот си го одзел животот.

Најновите детали говорат дека Снежана вчера околу 19 часот и 25 минути се јавила во полиција да пријави дека нејзиниот сосед и се заканува дека ќе ја убие, а додека сеуште разговарала со полицајците  се слушнало кршење, викање и плачење по што врската била прекината. Секако, веднаш по тоа таа била убиена.

Полициски екипи веднаш излегле на местото на настанот, по што било утврдено дека Дончо со пушка ја усмртил Снежана пукајќи и во глава, а убиена била и нејзината мајка Елена која имала повреди во пределот на торзото.

По извршеното двојно убиство Дончо, кој неофицијално работел во МВР во магацин, се самозастрелал во дворот на куќата, а најверојатно мотивот за убиството љубовна врска со ќерката на Снежана. 

 
 
21.04.2016 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега