Кој е мотивот за трагедијата во Волково?
Крвав инцидент се случи вечерва во скопско Волково. Полицаец со истрели од огнено оружје убил две жени-соседки, мајка и ќерка, на возраст од над 60 и 80 години.
По убиството, полицаецот заминал во својата куќа каде што извршил и самоубиство.
-Мотивот за убиството најверојатно била недозволена љубов со ќерка односно внука на убиените, објави Телма.
Во скопско Волково забележливо е и силно полициско присуство, кое го обезбедува местото на убиството и ја спроведува истрагата за злосторстовото
ФОТО: Телма
20.04.2016 - 21:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа