Детали за хоророт во Волково- поранешен полицаец застрела две жени, па сам си пресуди

 

Тројно убиство вечерва во Волково. Четириесет и петгодишен полицаец најпрво ги убил мајката и бабата на неговата љубовница, а потоа сам си пресудил.

Според првичните и неофицијални информации маж на возраст од 45 години најпрво ги убил двете жените кои што биле негови соседки, по што се самоубил.

Станува збор за мајката (60) и бабата (80) на неговата љубовница. Убиството се случило околу 19 часот и 15 минути, известува репортерот на ТВ Нова од терен.

На убиството му претходела расправија која завршила трагично.

-Убиството е пријавено во 19 часот и 40 минути, велат од полицијата.

Полициска екипа е излезена на терен.

 
 
20.04.2016 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега