Тешка сообраќајна несреќа кај Битола - повредени две лица
Тешка сообраќајна се случила во Битола. Несреќата се случила вчера во 14.00 часот на патот Битола-граница со Р.Грција помеѓу патничкото моторно возило „Рено Меган“ со грчки регистарски ознаки, управувано од П.О. (77) од Р. Грција и патнично моторно возило марка „Шкода Октавија“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ. (42) од Битола.
Според информациите од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила. Возачот на автомобилот „Шкода Октавија“ по укажаната лекарска помош од болницата во Битола е задржан на понатамошно лекување, додека грчкиот државјанин со возило на Итна медицинска помош е пренесен до граничниот премин „Меџитлија“, а потоа превземен од медицинско возило од Р.Грција.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа