Милионска кражба во прилепско
Милионска кражба се случила во прилепското село Витолишта. Според информациите на полицијата, во понеделникот од страна на П.К. (64) од с. Витолишта било пријавено дека во периодот од јули до август 2015 година непознат сторител, од парцела со шума во негова сопственост лоцирана во атар на селото, извршил тешка кражба на околу 200 метри кубни огревно дрво стекнувајќи се со противправна имотна корист од 1.000.000 денари.
Полицијата работи на пронаоѓање на строителот.
20.04.2016 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа