Лекарите се борат за животот на детето повредено во сообраќајка во Гостивар
Се уште е критична состојбата на десетгодишното детенце кое беше тешко повредено во страшната сообраќајка во Гостивар, кога комбе кое превезуваше ученици падна во провалија. Како што пишува Дневник, во сообраќајката беа повредени две дечиња и двајца возрасни.
Таткото на девојчето за Дневник кратко изјавил дека сега останува само да се молат за неговата ќеркичка. Детето е на апарати за дишење и е во неконтактибилна состојба.
Инаку, според неговите зборови, комбето кобниот ден се вратило наназад за да се размине со автомобил од другата лента, и така паднало во провалија.
За потсетување, со комбето управуваше 47-годишниот К.М. а несреќата се случи во 12 часот и 30 минути.
Докторите се борат за животот на малото девојче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа