Во Босна има повеќе офицери и подофицери од војници
Во Босна и Херцеговина има 4.940 офицери и подофицери кои командуваат на 4.151 војник. Претседавачот на Заедничката комисија за одбрана и безбедност во парламентот на БиХ Душанка Мајкиќ смета дека станува збор за неодржлив однос и број.
- Од НАТО штабот во Брисел добивме јасна порака или да ја намалиме војската или да ги зголемиме издвојувањата. Зголемување на издвојувањата во земја каква што е БиХ не е можно, бидејќи и онака секторот одбрана е оној кој повлекува најмногу пари од буџетот на БиХ, истакна Мајкиќ.
Таа потенцираше дека годишно од буџетот на БиХ за воени лица кои се наоѓаат на повисоки позиции отколку што е нивната стручност се трошат 1,3 милиони конвертибилни марки.
- За одвоен живот во минатата година исплатени се осум милиони КМ, а од 2007 година од буџетот за оваа цел издвоени се 45 км, предупреди таа, дополнувајќи дека станува збор за неоправдано високи трошоци.
Според законските одредби во БиХ структурата на оружените сили е составена од 20 отсто офицери, 30 отсто подофицери и 50 отсто војници. Според податоците на Министерството за одбрана, просечната старост на војниците изнесува 28 години, а просекот на старост на офицерите е 41 година.