Ауди се запали во близина на гостиварската плинара

 

Автомобил Ауди А6 со гостиварски регистерски ознаки се запалил во движење вечерва околу 22:10 часот на потегот помеѓу Здуњската крстосница и наплатната рампа Гостивар-Тетово, поточно во близина на гостиварската плинара, пренесе Курир.

Од СВР Тетово за Курир велат дека возилото го управувал 34 годишeн гостиварец кој при опожарувањето не е повреден.

Екипи од гостиварската противпожарна единица се на лице место и го локализираат пожарот. Полициските екипи се очекува наскоро да започнат со увидот кој треба да ја открие причината за самозапалувањето.

 
 
11.04.2016 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега