Се огласи Кире Лазаров по вчерашниот пораз со Тунис

 

По високиот пораз и испуштената шанса за Рио, разочараноста кај ракометарите и кај македонската јавност е голема.

Капитенот Лазаров одново беше најефикасен, но по натпреварот буквално остана без зборови.

-Немам што да кажам. Катастрофа. Не е време да се даваат конечни одлуки. Треба да бидеме паметни во овој момент. Од пусто брзање промашувавме. Бевме мотивирани, свесни бевме што значи ова за нас и за Македонија. Само едно знам дека имаме квалитетна репрезентација. Тоа највеќе боли. Постојано ни се случуваат вакви работи. Постои проблем. Треба да се најде решение, рече Лазаров, пренесе неговиот сајт lazarovkiril7.

На прашањето што и фали на оваа репрезентација за да оди на Олимписки игри, Лазаров рече:

-Има компетентни луѓе за таа работа. Тие треба да одлучат и да ги поправат грешките. Јас само знам дека на секој натпревар играм 100% мотивирано.

Натпреварот со Чиле, кој се игра во терминот од 18.00 часот, ќе биде само формалност, бидејќи вчерашниот пораз значеше и крај на сонот за Олимписки игри.

 
 
10.04.2016 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега