За едно деноноќие девет скопјани завршија во болница

 

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди, од кои пет поминале со материјална штета, а во осум со полесни повреди се здобиле девет лица.

Се случиле и три незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле три лица, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје. 

Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. 

Петнаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и шест возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со помош на специјалното возило во текот на вчерашниот ден отстранети се 46 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Александар Урдаревски“, кое се наоѓа на подрачјето на општина Чучер - Сандево и во Подрачното основно училиште во населено место Блаце.

 
 
08.04.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега