Тешка сообраќајка кај Тетово, има повредени
Тешка сообраќајка се случила вчера на патот Тетово - с. Пирок. Несреќата се случила во 12.35 часот на регионалниот пат Тетово – с.Пирок помеѓу автомобилот марка „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Н. (20) од с.Голема Речица и автомобил со марка „Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Х. (18) од истото село. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на „Поло“ И.Ш. (18), кој по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово, како итен случај бил препратен во Ургентен центар Скопје. Со телесни повреди се здобил возачот на „Голф“ кој по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа