БОМБА: Борко е нов голман на Барселона
Трансфер од соништа за најдобриот македонски голман, Борко Ристовски. Тој е нов голман Барселона, според Радио Каталонија, веста ја потврди и Каталонски Спорт. Според нивните пишувања во наредните две години Македонецот ќе го брани голот на Каталонскиот гигант. Борко во наголемиот ракометен бренд во Европа и светот доаѓа како замена за ветеранот Дание Шариќ, кој по крајот на оваа сезона заминува од клубот, најверојатно во некој од Катарсите тимови, репрезентација за која и игра Босанецот.
Интересот за Борко, Барселона го потврди пред неколку недели, а и самиот голман не демантираше, изјавувајќи дека е во диле каде да ја продолжи кариерата, бидејќи има понуда од сегашниот Рајн Некал Левен за продолжување на соработката.
Партнер на нашиот репрезентативен голман ќе биде големиот шпански талент и еден од најдобрите млади голмани во светот, Гонзало Перес де Варгас, со што Барселона добива брилијантен голмански тандем.
Доколку овие пишувања се вистинити, ова нема да биде прво искуство за Борко во Шпанија. Тој во 2006 и 2007 бранеше за Туекро и Алгесирас, по што се врати во Металург.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа