Голем допинг-скандал ја стресе Англија, вмешани фудбалери, велосипедисти, боксери, тенисери…

 

Весникот Сандеј тајмс денеска објави интервју кое сигурно ќе предизвика лавина коментари и дискусии во следните денови.

Во главна улога е британскиот лекар Марк Бонар кој тврди дека им помогнал на над 150 спортски ѕвезди, најмногу од нив фудбалери да се допингуваат последните години. Конкрени имиња засега нема, но во интервјуто се спомнува дека се засегнати англиски репрезентативец во криктет, британски велосипедисти, шампион во бокс, тенисери и фудбалери од Премиер лигата.

Сега за сега овие недозволени средства тешко дека можат да бидат откриени од светската антидопинг организација, ВАДА, но секако ќе предизвикаат лавина од реакции и испитувања.

Иако засега се уште се ова неофицијални информации, „Сандеј Тајмс“ донесува дека Бонар соработувал со фудбалери од Лестер, кој е лидер на табелата во Премиер – лигата, како и од Арсенал, Челси и од Бирмингем. Ова секако би бил неверојатен скандал доколку се докаже дека приказната е вистинита, а се очекува во најбрз можен рок да реагира и Фудбалската Асоцијација на Англија.

Имињата на спортистите засега се држат во тајност, но можно е многу брзо да почнат да излегуваат во јавноста првично како шпекулации, а потоа и навистина да се истражува комплетно овој скандал.

 
 
04.04.2016 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега