Суспензија за стадионот во Чаир
Поради немилите сцени кои се случија за време на неделниот првенствен меч меѓу Шкупи и Вардар во кој дел од фудбалерите на Вардар беа нападнати од страна на неуниформирани лица на патот кон соблекувалната, пишува Македонски спорт.
На трибините на стадионот „Чаир“ вчера присуствуваа многу службени лица од ФФМ меѓу кои и комесарот за натпревари Васко Дојчиновски. Делегатот Тони Шалев по натпреварот видел што се случува, и како што дознаваме теренот на „Чаир“ ќе биде суспендиран, односно или Шкупи ќе игра или пред празни трибини или на неутрален терен. Останува да се дознае во следните неколку денови, но голема е веројатноста Шкупи да игра без гледачи на следните мечеви. Исто така во текот на натпреварот имаше фрлање на предмети, пиротехника со што многу веројатна варијанта е овој стадион да добие суспензија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа