СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Македонија домаќин на Европско првенство во кендо

 

Македонија од денеска па до недела ќе биде домаќин на Европското првенство во кендо, кое ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

На Европското првенство најавено е учество на 485 натпреварувачи од 37 држави, поделени во машка и женска конкуренција. Македонија ќе има свои претставници во двете конкуренции.

Кендо претставува јапонска боречка вештина на мечување со долг меч, наречен шинаи, кој ја заменува вистинската катана во борбите со противник. При вежбање и натпревари се користи заштитна опрема наречена богу, која се состои од карактеристична заштита за лице, ракавици и заштита за тело.

На свеченото отворање присуствуваа претседателот на Европската кендо федерација, Алан Докарме и Златко Кексовски, претседател на Македонската кендо и иаидо федерација. Први на борилиштата излегуваат жените. Во наредните три дена ќе видиме многу асови на овој спорт, кој од ваков калибар заапрв пат се организира во Мaкедонија.

Од таборот на нашата репрезентација велат дека нашите натпреварувачи се подоговтвени и  добро се чувтсвуваат и дека нема повреди.

Боите на Македонија ќе ги бранат: Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Илија Андреевски, Матеј Јошевски и Марија Манасиевска.

 
 
01.04.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега