Македонија идната недела центар на кајакарски збиднувања
Македонија наредната недела ќе стане центар на светските и европските кајакарски збиднувања. Ќе се одржи тренинг камп организиран од светската кајак федерација, но и Европскиот куп, заедно со спуст на дива вода, кој ќе биде одржан од 9-10 април.
ТИП- Талент ИД Програм е проект на ИЦФ светската кајак федерација, која веќе 10 години го спроведува овој проект и покажа доста добри резултати во развој на кајакот низ целиот свет. Македонија е земја која има навистина развиен сенс за кајак спортот, а тоа е докажано преку бројните ѕвезди кои што се произлезени поранешни олимпијци од типот на Лазар Поповски, Атанас Николовски.
Овој тренинг камп веќе трета година се одржува во Република Македонија. За прв пат се одржа на Европското Првенство за јуниори и сениори до 23 години одржано во 2014г. па се до овој 48 ми Илинденски Кајак Слалом. За разлика од минатите кампови на овој камп ќе биде промовирана дисциплината кајак спуст и сите учесници на кампот ќе имаат можност да ја пробаат и оваа дисциплина, а воедно ќе доведе и до развој на спустот во сите земји учеснички на овој камп.
Како тренери во овој камп од ИЦФ- се повикани Викторија Добротворска од Украина, Том Бар од Франција, Огнен Бражански од Македонија и како координатор на кампот е назначен Атанас Николовски. Сето ова за нас има огромно значење што нашите македонски тренери се пробиваат надвор од Република Македонија и со своето знаење се признаени како стручни во областа на кајакарскиот спорт. Воедно Атанас е веќе втора година по ред е кординатор на овој камп, а воедно и ИЦФ го ангажира за тренер во тренинг камповите во Франција и Шпанија. Ова е доволен показател дека Македонија зазема видно место во Светската кајак федерација.
Сепак сето ова е од голем интерес за нас како Кајакарската Федерација со една единствена цел промоција на Република Македонија, како спортска дестинација и нормално да кајак центарот во Матка стане центар на збиднувањата во овој дел од Европа во кајакарскиот свет.
Очекуваме времето да биде одлично, а публиката да дојде и да присуствува на овој спектакл од светски рамки, кој ќе ни причини навистина пријатно задоволство на сите нас.
01.04.2016 - 14:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа