Скопјанец напраднат на „Партизанска“
Вчера во 09.00 часот во полициската станица во -Центар, Ж.М.К. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 04.30 часот во локал на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје физички бил нападнат од лицето М.К. Напаѓачот дошол во локалот и без повод и причина почнал да го удира Ж.М.К. во пределот на главата, додека истиот седел со неговата девојка и негов другар. Ж.М.К. успеал да се затвори во тоалетот и кога излегол надвор по некое време забележал дека предното и задното вертобранско стакло и стаклата од десната страна на негоивот автомобил со марка „Мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, му се искршени. Исто така, бил набиен и предниот браник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа